Изложба на Драги Хаџи Николов – Аџи во Прилеп

Денеска (среда, 10 октомври, 2012) во 20:00 часот во галеријата на Културниот центар „Марко Цепенков“ во Прилеп, по повод националниот празник 11 Октомври, ќе биде отворена изложбата „Етно приказни“ од Драги Хаџи Николов.

Уметникот ќе се претстави со дела за кои вели дека се извлечени од пазувите на минатото.

Драги Хаџи-Николов – Аџи е роден на 04.07.1956 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство. Излагал повеќе пати самостојно и групно во земјата и странство. Живее и работи во Гевгелија.

You May Also Like