Мини атлетски терен во СУГС „Здравко Цветковски“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски,  во четвртокот (03.11.2011 година) го промовираа  мини атлетскиот терен во СУГС „Здравко Цветковски“.

– Градот Скопје за потребите на СУГС „Здравко Цветковски“ го изгради овој мини атлетски терен  и се надеваме дека истиот ќе побуди интерес кај учениците за помасовно спортување, односно дека ќе им ги збогатати наставните програми на часот по спорт и спортски активности. Минатата година  промовиравме  ваков мини атлетски терен во СУГС „Арсени Јовков“, денеска во ова училиште коешто слави 66  години од своето постоење, а  изградбата на  мини атлетски терени е во тек во СУГС „Зеф Љуш Марк“ и во СУГС „Михајло Пупин“. Се надевам дека на овие терени ќе вежбаат и некои наши идни професионалци од областа на атлетиката – истакна градоначалникот Трајановски.

Мини атлетскиот терен ги има следниве сегменти: атлетска патека за спринтерско трчање  на 100 метри, патека за скок во далечина и платформа и терен за фрлање ѓуле. Атлетската патека за спринтерско трчање на 100 метри е широка 6,20 метри  и долга 105 метри,  поделена е  на 6 патеки за трчање, а паралелно со целосната површина на патеката за атлетика е изградена една пешачка патека што ги поврзува сите терени (пристапна патека).

Пристапната патека е асфалтирана и е со површина од 150 квадратни метри.Патеката  за  скок  во далечина е со залетиште, посипано со црвеница, широко  1, 5  метри  и  долго 32 метри и  јама со песок  широка  3 митри,  а  долга 8 метри. Теренот за фрлање ѓуле се состои од бетонска подлога со дијаметар од 2, 20 метри и конусен сектор  широк  13 метри и  долг  9,50 метри.

На терен работеа  екипи на ЈП „Улици и патишта“, а од буџетот на Град Скопје се издвоени 1 100 000 денари за реализација на изградбата.

Град Скопје заедно со ЈП „Улици и патишта“,  планираат вакви  атлетски терени  да изградат и во преостанатите  училишта каде  што има просторни услови во училишниот двор.


По отворањето на теренот се одржаа промотивни  натпревари  во трка на 100 метри и во фрлање ѓуле.

You May Also Like