Проектниот простор „Прес ту егзит“ претставен во САД и Германија

Независната уметничка организација Проектен простор „Прес ту eгзит“ од Скопје, во август оваа година беше претставен во публикацијата Art Spaces Directory, објавен од New Museum (Њујорк).

 

„Прес ту егзит“ е вклучена во обемниот водич за организации, здруженија и независни уметнички простори кои што се бават со истражување и делување во областа на современите уметнички практики и теории на покана на New Museum, и е единствена од земјава која е застапена во публикацијата, а од регионот се споменати само Центарот за современа уметност Stacion од Приштина и Културниот центар Rex од Белград.

Исто така, Проектниот простор „Прес Ту Егзит“ свое претставување изминатиов месец доби и во рамки на MOCA of the Month сериите, кои се дел од GAM – Global Art and the Museum (Германија),во чии фокус влегуваат прашања поврзани со брзите промени кои влијаат врз делувањето на музеите, институциите и алтернативните уметнички простори, посветени на современата уметност, на глобално ниво.

Проектниот простор „Прес ту егзит“ е основан од уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски, а главниот фокус е истражувањето и продукцијата на полето на визуелните уметности и кураторски практики.

 

You May Also Like