Еден од најуспешните млади македонски дизајнери, охриѓанецот Огнен Трпески коj живее, дипломираше и работи во Америка, ја сними својата прва англиска песна која го носи насловот – Bring it down.
За музиката и аранжманот се погрижи Даниел Јовески (Sustain Entertainment), а текстот го нашиша Огнен.
Младиот Огнен Трпески на музичко поле зад себе има македонски албум кој го носи насловот „Фантом“, а на него, се наоѓа и песната „Магичен Круг“ која е снимена во дует со Андреј ДНК.
Како дизајнер, победи на неколку големи избори во Америка, меѓу кои и “Националниот избор за дизајн за светската кампања против глад“ кој му донесе голема слава и зголемена побарувачка за неговите уникатни дизајни.