Македонскиот писател Томислав Oсманли и неговиот роман „Дваесет и првиот“ ќе бидат промовирани на книжевната средба насловена „Сандорфовата авантура“ организирана од изадавачката куќа „Sandorf“. Средбата се одржува наредните три дена (6-8 cептември, 2012) во Центарот за култура на Трешњевка во Загреб.
Македонскиот автор и неговото дело се привилиегирани со две книжевни средби во два различни простора. Во сито време романот „Давесет и првиот“ го предводи македонскиот избор насловен „Десет романи на 21. век“ на тековниот Саем на книгата во Москва.
Првата средба со македонскиот писател и неговата книга ќе се случи во петок, на 6. септември како разговор со авторите Томислав Османли и Дамир Каракаш, под водителство на Марко Погачар во КГЗ „Тин Ујевиќ“.
Втората средба ќе биде промоцијата на хрватскиот превод на романот „Дваесет и првиот“ и ќе се случи на нова локација, во КГЗ „Богдан Огризовиќ“. Пред стручната книжевна и читателска публика македонскиот роман, неговиот автор и неговиот преведувач Проф. Д-р Борис Павловски, ќе ги претстави главниот уредник Иван Сршен. Свое обраќање пред стручната и читателската книжевна публика ќе има и авторот Томислав Османли.
Инаку, хрватската е првата од неколкуте странски објави што претстојат пред наградениот роман на нашиот автор кој во 2010. беше избран како македонски кандидат за меѓународната награда „Балканика“.