Турскиот театар ќе ја изведе претставата „Камен“

Националната установа Турски театар-Скопје вечер ќе ја изведе претставата „Камен“ од Мариус Вон Мајенбург, во режија на Билге Емин …

kamen_turski_teatar

Средствата од продадените билети ќе бидат наменети како хуманитарна донација за поплавените подрачја во Босна и Херцеговина и Србија. Драмата „Камен“ претставува емотивно сеќавање, која го следи животот на едно семејство од Дресден во различни историски времиња (1935, 1945, 1953, 1978, 1993) и говори за семејниот мит, за криењето на вистината за злосторството на нацизмот.

Претставата се занимава со проблемот на губењето на идентитетот, односно градењето на идентитет со лажно минато. Во претставата, градењето на идентитетот започнува со неговото ослободување, до кое се доаѓа преку разрешување на семејниот мит. Лагата за семејниот мит, пренесуван од генерација во генерација, не настанала од потребата за фалсификување на историјата, туку како потреба за снаоѓање на „малиот човек во големите времиња”…

You May Also Like