Во основните училишта Кирил и Методиј во н.м Стајковци и во Наум Охридски во н.м Црешево, се одвиваат тековните активностите во рамките на проектот „Безбеден пристап до училиштата“.
Во проектот опфатени се 5 основни училишта, Кирил и Методиј“ од н.м. Стајковци и н.м. Страчинци, „Крсте Мисирков“ од н. Ченто, „Наум Охридски“ од н.м. Булачани, „Наум Наумовски Борче“ од н. Маџари и „Дане Крапчев“ од н. Ченто.
Со реализацијата на проектот на училиштата ќе им се овозможи подобро осветлување, поставување тротоари на соодветни места и поставување на училишни огради.
За реализација на овој проект општина Гази Баба и Швајцарската агенција за развој и соработка издвоија по 2.400.000,00 денари, а фирма изведувач е Жикол од Скопје.