Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 мај 2014 година (вторник) во 13:00 часот ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје.
Во соработка со ликовните педагози од Основните училишта во Скопје на тема Старата скопска чаршија и традиционалните занаети ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во една завршна изложба. Изложбата е со натреварувачки карактер за да се зголеми мотивацијата и интересот на учениците.
Целта на оваа изложба е подобрување на воспитно-образовниот процес во училиштата и презентирање во јавноста на индивидуалните и групните творби на најмладата популација од основните училишта во градот Скопје.