Списанието пред сѐ е наменето за теми од македонската историја, но не само онаа која на ова наше тло се случувала во дамнешното минато, туку и таа која што преку македонските собири, прослави и чествувања продолжува да опстојува до ден денес. Исто така во списанието е одвоено простор и за македонската култура и уметност, како и за случувања и личности кои што намерно или случајно не се опфатени во мејнстрим медиумите.
Списанието „Македонска ризница“ постојано ги следи активностите на нашите македонисти и големи афирматори на Македонија во светот се со цел запознавање на пошироката јавност за нивните активности.
Од неодамна „Македонска ризница“ има и свој ISSN број од Меѓународниот ISSN центар во Париз, со посредство на ISSN центарот на Македонија, со што се потврдува нашата сериозност во ангажманот околу овој проект и намерите тој и понатаму да опстојува .Исто така списанието е дел од најголемата светска архива „The Internet Archive“,
Со ова бројот на соработници и соговорници е во постојан пораст, што ни покажува дека ужива огромна доверба помеѓу историчарите, македонистите и сите љубители на македонската историја и фолклор.