Интернационалниот клуб Сороптимист – Струга, (прв таков клуб во Македонија) и Струшките вечери на поезијата, ќе го обележат Интернационалниот ден на жената – 8 Март, во еден поинаков стил, со организрање дебата на тема „Жената, книжевник“, што ќе се одржи во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, на 5 март (среда) во 18:00 часот.
Дебата ќе ја модерира Мите Стефоски, а на неа ќе учествуваат Еди Ќела, Никола Кукунеш и Мерсиха Исмајлоска.
Заедничката иницијатива со СВП произлезе од потребата да се проговори за женета-книжевник во денешен контекст, имајќи го предвид искутвото од минатото.
„Ова е глобален ден за обележување и рефлексија на женскиот успех и постигнувања, економски, политички, општествени. Но секако сме свесни дека се уште постојат многу непремостени бариери кои ги ограничуваат жените, нивните потенцијали и можности низ светот. Сороптимист мора и ќе ја инспирира промената за жената, продолжувајќи да бара поголема родова еднаквост.“
Сороптимист претседателка, Ен Гарви.
Клубот Сороптимист, на светско ниво постои од 1921, додека првиот во Македонија е формиран во Струга пред нецели две години. Главна цел на клубот е зацврснување на позицијата на жената и девојчињата насекаде во светот.