Кампања „Читај повеќе – Читај насекаде!“ во Матица

Клубoт Матица го најавува проектот „Читај повеќе – Читај насекаде!“ – кој има за цел да ги поттикне луѓето да одвојат повеќе време за дружење со книгите, но и да ги предизвика да читаат насекаде – во автобус или на јавен простор, без стереотипи и предрасуди.

citaj povekje 6

Кампањата „Читај повеќе – Читај насекаде!“ е надополнета со учество на македонски компании, кои благодарение на својата социјално одговорната улога во општеството можат да дадат пример што  општеството би го следел.

Во нивната информација стои: „Директно насочени кон нашите лојални читатели и членови, како и кон оние кои поради брзиот начин на живот не можат да одвојат доволно време за да навлезат во тајните светови на некои од нашите познати наслови, се промотивните цени на најновите дела од странски автори кои можете да ги најдете само на Булеварот на книгите. Понудата ја следи клучната цел на кампањата – да им се овозможи на љубителите на убаво пишаниот збор да читаат уште повеќе, да читаат квалитетни наслови, а сето тоа да биде по достапни цени. Во овој проект се вклучија и нашите парнери од Британија, Германија и Србија, со што понудата е исклучително богата и атрактивна.
Дополнително, ни претставува огромна чест да објавиме дека проектот „Читај повеќе – Читај секаде!“ е првиот проект кој успеа да обедини голем број македонски компании околу една цел: да ја покажат својата одговорност кон општеството во кое делуваат. Деталите за овој дел од проектот, како и компаниите вклучени во истиот, ќе бидат дополнително соопштени.
Велат дека сите ние читаме, за да знаеме дека не сме сами. Токму затоа, велиме дека книгата е нашиот најдобар пријател. Затоа, Клуб Матица Ви порачува: со вашиот најдобар пријател, постојано и насекаде“.

You May Also Like