Министерството за култура објави Конкурс за откуп на уметнички дела од областа на визуелните уметности за 2015 година. Конкурсот може да се најде и веб-локацијата на министерството.
Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на РМ“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата, ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија во 2015 година, кои ќе се доделат за откуп на уметнички дела од областа на визуелните уметности.