Во рамките на програмата на Град Скопје за уредување и одржување на јавните зелени површини, екипи на Градот денови интензивно работат на уредување на повеќе зелени површини низ градот.
На булеварот АСНОМ, односно на површина на 4 620 квадратни метри, екипите поставуваат хидрантска мрежа во должина од 520 метри и систем капка по капка.
На булеварот Илинден, на потегот од раскрсницата на улица МАНАПО до раскрсницата со улица Љубљанска, се уредува страничното зеленило на површина од 1 500 квадратни метри и се поставува хидрантска мрежа од 220 метри и прскалки.
Во тек е и садењето на листопадни садници на повеќе локации низ градот. Листопадни дрвца се садат во: Ботаничката градина во кругот на Зоолошката градина, во Градски парк, во паркот Жена-Борец, на Плоштад Македонија, на булеварите Видое Смилевски – Бато, Војводина, Свети Климент Охридски, Илинден и Србија, на улиците Братфордска, 2 Македонско-косовска бригада и Благоја Стефковски, како и на јавна површина во населбата Маџари (Триангла).
Се поставува и хидрантска мрежа на површина од 1 400 квадратни метри во кружниот тек што се гради на раскрсницата на улица Лазо Трповски со улица 2 Македонска бригада.
На терен работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило.