Семинар за методите на интернационалната холокауст школа

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Меморијалниот центар Јад Вашем во изминатива два дена во Скопје организираше дводневен едукативен семинар на тема „Педагошки предизвици и едукативни можности“, прв од ваков карактер на Балканот.

memorijalen-centar-evrei-makedonija(copy)

 

На семинарот учествуваа 30 наставници и професори од основни и средни училишта од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. За време на семинарот, учесниците работеа и разменуваа искуства околу наставните методи, како употреба на готови дигитални содржини, креирање на нови дигитални содржини, методот на усна историја, интегрирање на повеќе наставни предмети при реализацијата на наставата, стимулирање на креативно мислење како и развивање на нови идеи.

Беа претставени методите на работа на интернационалната холокауст школа при меморијалниот центар Јад Вашем од Израел од страна на д-р Хава Барух и Меморијалниот центар на холокаустот во Македонија за употреба на документарни филмови во наставата, на темата Холокауст и последиците од него. Учесниците на семинарот имаа можност да се запознаат и со принципот на работа на Институтот за еврејска историја Центропа од Виена и Еуроклио.

You May Also Like