Еду- студентска картичка за попусти

“Научи да купуваш паметно!” e слоганот кој стои зад првата македонска студентска картичка за попусти и поволности во Македонија.

Среќни сме што македонските сопственици  било на големи било на мали бизниси го прифатија овој младински проект и станаа дел од истиот и Еду Картичка може да се пофали со над 80 фирми соработници каде што секој студент може да добие попуст односно поволност “- вели Апостолска Сања основач и координатор на овој младински проект.

Апостолска додава дека секој студент за симболична цена ќе може да ја обезбеди Еду картичката и да заштеди од 130 до 150 денари дневно, доколку ја користи истата редовно и дека истата може да се добие преку студентските кампуси на речиси сите факултети во Македонија.

“Институциите кои обезбедија попуст се од различна дејност, почнувајќи од локали за исхрана, фитнес центри, продавници за облека, едукативни центри итн. Αнкетата која ја спроведовме меѓу студентите укажа на фактот дека ваков вид на картичка била потребна  и среќна сум што успеавме со овој проект да им го направиме полесен од финансиски аспект животот на студентите” потенцира Апостолска.

За сега картичката може да се користи ширум Македонија и Хрватска што е дополнителен бенефит, бидејќи соработник партнер е хрватската студентска картичка. Промоцијата од технички аспект е одложена за средина на април каде што ќе се доделуват и златни картички за сите најдобри студенти на генерација на сите факултети.

Апостолска вели дека „Да Научиме“ е  студентски сервис достапен 24/7 за сите студенти за да ги дадат своите сугестии, критики и пофалби за Еду Картичка.

You May Also Like