Продолжуваат рок-свирките на Плоштад Македонија

Универзалната Сала-Скопје информира дека по кратката пауза, рок свирките на Плоштадот Македонија продолжуваат со истиот интензитет и енергија како и изминатите месеци.

rok_svirka_plostad

До долгото и топло лето, атмосферата на скопјани ќе ја разладуваат бендови кои настапуваат секој петок навечер (20.30 часот) и сабота претпладне(10.30 часот).

Втората половина од летните свирки , изминатиот викенд ја одбележаа бендовите Келија 9 и Fill the blank. Жестокиот рок ги собра скопјани на едно место-некои веќе стални посетители кои уживаат во добрата музика, другите случајни минувачи кои ќе станат редовни на викенд рок свирките на Плоштадот Македонија.

Добрата забава и квалитетна музика не мора да ве чини ништо – треба да имате само волја и желба за добар помин и да дојдете на Плоштадот Македонија.

Викенд рок свирките на Плоштадот Македонија се во организација на Универзална Сала – Скопје, а под покровителство на Град Скопје.

You May Also Like