Зијадин Села порачува: „Зборувајте албански“ на Струшките вечери на поезијата

„Зборувајте албански“ им порача преку билбор во центарот градоначалникот на Струга, Зијадин Села, на Струшките вечери на поезијата …

фото: OhridNews
фото: OhridNews

„Бидете смирени и почитувајте не, зборувајте албански“ пишува на билбордите кои ги постави Општина Струга на неколку локации во градот. Потпишан на пораката е градоначалникот Зијадин Села напишана е на англиски јазик и за организаторите и гостите на Струшките вечери на поезијата.

Освен пораката на билбордите е испишана статистика за бројот на жители во Струга по последниот потпис од 2002 година и со задебелени букви и бројки е испишан бројот на албанци кои живеат во оваа општина.

Струшката локална самоуправа ќе ја бојкотира оваа манифестација и ниту еден претставник од општината нема да присуствува на свеченото отварање, кое е закажано за вечерва.

извор: OhridNews

You May Also Like