Битола е комплетно подготвена за Белата ноќ на Широк Сокак или Широк Сокак во бело која ќе се одржи на 23 август – манифестација која како дел од програмата на Бит Фест се одржува четврта година по ред. И годинава вклучени се 10 кафе барови, а гостите ќе ги забавува Том Нови.
„Годинава за забавата да биде на највисоко ниво ке се погрижи светски познатиот Дј и продуцент од Германија ТОМ НОВИ, а пред него атмосферата ке ја загреваат ДЈ Боца , ДЈ Андреј Гошев и легендарниот ДЈ Ацика кој што воедно на 23 ти ке стави крај на својата ДЈ ска кариера“, изјави Борче Груевски, организатор на настанот.
Градоначалникот Владимир Талески и општина Битола и оваа година преку Бит Фест даваат максимална поддршка на овој настан:
„Белата ноќ се покажа доста атрактивна за сите наши граѓани кои во голем број доаѓаат на оваа манифестација. Изминатите години гостуваа големите имиња како Кирил Џајковски, Дејвид Моралес, Хернан Катанео, а оваа година го имаме Том Нови. Ова е еден од исклучителните настани кои се случуваат во Битола како дел од Бит Фест – културното лето со над 270 содржини“, изјави градоначалникот на општина Битола, д -р Владимир Талески.
Битолското културно лето завршува на 29 август со голем концерт на Владо Јаневски во анфитеатарот Хераклеа.