Поетски карван во Прилеп

Поетски карван денеска се одржува пред манастирот „Свети Ѓорѓија“ во прилепското село Присад. Организатори се Друштвото на писатели на Македонија, младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ и Здружението на пензионери на Македонија и иселеници.

prilep-panorama-macedonia

Свои дела читаат Василе Димески, Елена Пренџова, Бобан Богатиновски, Марина Мијаковска, Васо Николовски, Марта Маркоска и Перо Миленкоски. Покрај нив, својата монодрама „Крале Марко (Синот на Волкашин)“  ја изведе Славчо Ковилоски, со музиката на дуото „Signature“ составено од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара. Цветни пораки за мир изработува уметникот Живко Поповски – Цветин.

Карванот почна на 22 јуни во Дебар, а на 13 јули се одржа во Охрид. Во карванот до крајот на годината ќе учествуваат 60 поети во рамки на проектот „Почувствувај ја Македонија“, со цел афирмација и доближување на литературното творештво до читателите.

Средбите со љубителите на пишаниот збор се одржуваат на неконвенционален начин, на отворен простор и се во функција на запознавање со природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта на Македонија.

You May Also Like