Goclicк и Google конференција за современ маркетинг

„Моќта на современиот маркетинг“ е тема на втората Goclicк и Google конференција за современ маркетинг што ќе се одржи денеска во Скопје.

Your_WWW_Partner

Конференцијата е наменета за сите компании на македонскиот пазар, особено за извозно ориентираните, а се очекува да присуствуваат повеќе од 100 фирми, членки на Сојузот на стопански комори (ССК).

Учесниците ќе дискутираат и на неколку подтеми, „Можностите и трендовите во сферата на интернет маркетингот – Google како маркетинг гигант“, „Adwords решенија и успешни приказни“, „Социјалните мрежи и нивните алатки во светот на бизнисот“.

Ќе предаваат Дарко Дујиќ, директор за развој во Google Adriatic, и Лука Нахбар Цвикел, меѓународен проект менаџер во Goclick од Словенија. Со премиерно предавање во Македонија ќе се претстави и Давид Гојо, стратег за Google Adwords во Google, Даблин.

Конференцијата ја организираат Сојузот на стопански комори и маркетинг агенцијата Goclick и Google, а на отворањето ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, како и претседателот на ИКТ комората во ССК Саша Огненовски.

You May Also Like