Скопски саем следната недела со три саемски манифестации – Меѓународниот саем на книгата, Денови на образование и кариера и Меѓународниот саем на туризам. Посетителите со можност да ги проследат сите иновации во издаваштвото, можностите за високото образование, како и актуелните аранжмани за патувања.
На Саемот на книга на 5.000 метри квадратни ќе се претстават издавачи од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Турција, Албанија, Италија и Велика ританија. Покрај изложбено-продажниот дел, предвидено е во промотивниот центар секојдневно да се одржуваат промоции на автори и нови изданија, а најавени се 30-тина промоции. Саемот на книга е втора саемска манифестација по бројот на посетители, и се движи околу 40.000.
Скопски саем, втора година по ред Саемот на книга го промовира под мотото „Подари книга, подари богатство“, поддржувајќи ја токму книгата како најсоодветен подарок за сите пригоди. Саемот е најавено да го отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на во понеделник, а за посетителите е отворен од 24 до 29 април.
Деновите на образование и кариера се одржуваат по 15-ти пат, а ќе бидат отворени од 25 до 28-ми овој месец. Годинашното издание е прво на кое има најголем број универзитети од странство кои ќе можат да ги презентираат своите образовни програми. На 2.000 метри квадратни ќе се претстават 45 универзитети со повеќе од 170 факулети од Македонија, Грција, Унгарија, Италија, Словенија, Канада, Велика Британија, Чешка, Бугарија, Турција, Хрватска, Данска.
Во рамки на манифестацијата ќе биде промовиран порталот стипендии.мк кој ќе ги содржи сите можности за финансирање кои се нудат на македонските студенти, но и на студентите од регионот. Секој заинтересиран корисник може да креира свој профил на порталот, со кој ќе добие информација и препорака за сите стипендиски програми кои се наоѓаат во базата во моментот на креирање на профилот како и сите идни програми кои соодветствуваат со профилот и интерсите на корисникот. Саемот ќе биде отворен на 24 април, од страна на министерот за образование и наука Панче Кралев.
Третата манифестација која ќе се одржи на Скопски саем е Саемот за туризам на кој ќе се претстават 40-тина агенции и 14 хотели од Македонија и кои ќе ги понудат своите туристички аранжмани за претстојната летна сезона. Хит за годинава, според понудите од туристичките агенции, посочуваат од Стопанската комора за туризам на Македонија, ќе бидеТурција, но и Грција која стандардно се нуди и побарува, а новина во понудата е турски Кипар.
Земја-партнер на саемската манифестација е Република Бугарија преку која ќе се претстават познати туристички региони од областа на зимскиот и летниот туризам, спа и велнес центри, национална храна и вино, како и други културни вредности и природни убавини на Бугарија.
Цветан Алексов од бугарската Амбасада во Македонија посочи дека лани Бугарија ја посетиле над 380 илјади туристи од Македонија, што е за 23 проценти повеќе. Како што посочи тој, Македонија е на 5-то место по бројот на туристи во Бугарија. Во минатата година Македонија ја посетиле 305 илјади туристи, што има раст од четири отсто. Според него во овој дел може да се вложува и Македонија повеќе да се претстави на бугарскиот пазар.
Покрај Бугарија, на Саемот ќе се претстават и туристичките капацитети на Србија, Словенија, Турција, Црна Гора и Хрватска. Саемот ќе биде отворен во вторник од министерот за економија на Македонија, Ваљон Сарачини.