„Скопски улични артисти“ по четврти пат

Годинава жителите на Скопје по четврти пат ќе имаат можност да уживаат во звуците на музиката и талентот на уличните уметници и перформансите на магионичарите и останатите изведувачи.


Преку проектот „Скопски улични артисти“ под покровителство на Град Скопје, а во реализација на Универзална сала, скопските улици ќе се збогатат со култура и уметност.

Градскиот плоштад, ГТЦ, улица Македонија, Камениот мост, и Старата скопска чаршија се само дел од локациите каде ќе може да се чујат звуците на уличната музика. Уличните музичари ќе настапуваат во два пати во текот на денот, претпладне и попладне до крајот на годината, во деновите кога дозволуваат временските услови.

-Покрај сите културни уметнички збиднувања во државата, овој проект е само дополнување на овогодинешната богата програма. Уличните музичари биле, се и ќе бидат вистинска атракција за народот, а на туристите ќе им понудат приказни за раскажување. Ваквите проекти се од особено значење за градот, потенцира Бошковска.

Уметниците се избрани на конкурс распишан од Град Скопје, а за своите изведби ќе добијат соодветен хонорар. Проектот е совршена можност за сите млади артисти да можат да си го покажат талентот, а притоа да ги забавуваат скопјани и туристите кои ќе го посетат градот.

You May Also Like