Промоција на книга раскази од Билјана Станковска

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје  организира промоција на збирката раскази „Сега се е поинаку“ од Билјана Станковска. Книгата ќе ја промовира Санде Стојчевски, а актерската придружба е на Томе Витанов.

kniga book

Промоцијата ќе се одржи на 29 октомври (среда) 2014 година во просториите на библиотеката, со почеток во 12:00 часот.

Билјана Станковска е истакната современа македонска авторка. Автор е на повеќе книги поезија и проза за деца и возрасни, раскази, романи и драми.Најновата книга претставува висок книжевен дострел во нејзиниот книжевен опус и значаен придонес во збогатувањето на раскажувачката проза во рамките на современата македонска литература.

You May Also Like