Вечерва (среда, 3 октомври) че биде отварањето на мултимедиската инсталација 7k:newlifeform, на словенечката уметничка Саша Спачал, во рамките на Десонанц – Фестивал за електронска музика и нови медии. Ќе се одржи во галеријата на Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот. Инсталацијата ќе биде поставена до крајот на фестивалот (сабота, 6 октомври).
Автори: Саша Спачал (Словенија/идеа и видео), Тоби Хардинг (Англија/звук), Тадеј Дролц (Словенија/звук) Кустос: Иванка Апостолова Техничка поставка: Михаило Апостолов Организатори: З.У. Продукција, Покровители: Град Скопје, Амбасада на Р. Словенија
______________________________________
Саша Спачал е мултимедијална уметница и графичка дизајнерка која го проширила своето знаењe од областа на компјутерската графика, интернет и видео продукцијата на разни работилници и која моментално работи на полето на графичкиот дизајн, интерактивната видео-продукција во реално време и мултимедијалната уметност, во Словенија и во странство.
Нејзината последна интерактивна инсталација „7K: new life form“ беше претставена во Словенија на фестивалот Haip, во Чешка на биеналето за уметност, наука и технологија Enter 5: Datapolis кое се одржа во Прага, и во Турција на AmberFest’11: Next Ecology.
Моментално го изучува спојувањето на различни медиуми, технолошки и биолошки организми во полето на интерактивната визуелизација и развивањето стратегии за користењето физички интерфејс за да се генерира звук и слика, како член на Theremidi Orchestra при Ljudmila, лабораторија за дигитални медиуми од Љубљана.