На 20 и 21 февруари 2014 (четврток и петок) во џебното кино на МКЦ со почеток во 20:00 часот ќе се одигра претставата „69“ на театарот ПИ.
„69“ е работена според четири едночинки на Оскаровецот Алан Бол.Се работи за прва претстава во Македонија направена според текстови на овој модерен американски автор кој воедно е и сценарист на филмскиот хит „Американска убавина“ за кој доби „Оскар“ и „Златен глобус“, а работеше и на хит-сериите „Два метри под земја“ и „Вистинска крв“.
Режисер на „69“ е бугарскиот театарџија и основач на алтернативниот театар МОМО, Веселин Димов. Главните улоги ги толкуваат професионалните актери Златко Митрески и Македонка Илиевска. Претставата премиерно беше изведена на 20 декември минатата година, а македонската публика сега повторно има шанса да ја погледне.