Хобитот „доаѓа“ во Скопје

Од оскаровецот Питер Џексон пристигнува долго очекуваното продолжение – . Филмот ќе се прикажува во киното Cineplexx од 31 јануари.

Станува збор за епската авантура/фантазија режирана од Питер Џексон во 2012 година. Филмот е првиот од трите дела на филмската адаптацијата заснована на новелата „Хобит“ од Толкин објавена 1937 год. Следствено на овој дел ќе бидат продуцирани и „Пустошењата на Шмауг“ и „Онаму и повторно назад“ во 2013 и 2014. Овие три филмови заедно претставуваат претходник на Џексоновата трилогија „Господар на прстените“.

По адаптацијата на трилогијата „Господар на прстените“, режисерот Питер Џексон се осврна и кон уште едно дело на писателот Толкин, долго очекуваниот Хобит ја доживеа својата прва екранизација. Никој досега не се впушти во реализација на овој блокбастер. За разлика од Толкин, автор на детски книги, кој го создал прво делото Хобит, па потоа Господарот на прстените, режисерот Џексон го сторил обратното тргнувајќи по спротивен пат.

„Додека го работевме Господарот на прстените, знаев дека тоа ќе биде едно од двете невидени животни искуства“, коментира Џексон. „Ова е одлична приказна со различни настани, малку подуховита од Господар на прстените, со брзо темпо, бидејќи авторот ја напишал за своите деца и останатите деца во светот. Ликовите се разнолики, но присутни се и елементи на лакомост. Невините ќе се променат засекогаш и ќе ги соединат силите кои директно водат кон настаните кои се претставени во претходната трилогија. Овде се започнува“.

Снимањето на Хобит: Неочекувано патување траело осум и пол недели, низ северниот и јужниот дел на Нов Зеланд. Поголемиот дел на дивите предели му овозможија на Џексон да го долови магичниот дух на Средната земја. „Екипата се навикна на локациски снимања. Некаде вклучени беа и хеликоптери. Но каприциозната клима на Нов Зеланд ја прави оваа авантура уште поголема“ изјавува директорот на фотографија.

Случувањата во филмот се сместени во Средната земја, шеесет години пред „Господарот на прстените“. Билбо започнува возбудлив потфат, да го врати изгубеното кралство на џуџињата на Еребор од канџите на страшниот змеј Шмауг. На волшебникот Гандалф му се придружува и дружината од тринаесет џуџиња, предводени од легендарниот воин Торин Дабовштит. Патот ќе ги доведе во дивината, низ опустошената земја која ја разорале Гоблини и Орки.

You May Also Like