Мултимедијална колонија „Битола“

Во рамките на Бит фест во Вила Дајмонд во Битола се одржува Мултимедијална колонија која е во организација на Македонија презент – Скопје.

paleta

Мултимедијалната колонија “Битола 2014“ е традиционална манифестација која е единствена од овој вид во Република Македонија, па и пошироко и опфаќа повеќе уметнички сфери и тоа: книжевност, ликовна уметност, театар, музика, филм…Колонијата првпат и мошне успешно се одржа минатата година во Вила „Дајмонд“.

Голема ликовна изложба на денот на затворањето на колонијата, повеќе камерни изложби, трибини и дебати, промоции на книги, книжевни настапи, средби со автори, одбележување на јубилеи, сликање на отворено во општината и слично. Годинава, покрај писателите и ликовните творци, ќе бидат вклучени и музичар, актер и филмски снимател.

You May Also Like