Денес, (вторник, 16 август 2011 година) со почеток во 12:00 часот во дирекцијата на Охридско лето, ќе се одржи прес конференција по повод Француската вечер на фестивалот која е на програмата на 16-ти август во 21:00 часот во црквата Света Софија.
На прес – конференцијата ќе присуствуваат уметниците и диригентот на Француската вечер, како и претставници на Охридска банка од чија страна овој концерт е поддржан.