Промоција на „Преместен камен“ од Никола Маџиров во КИЦ Софија

Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија во соработка со Културниот Центар на СУ “Св.Климент Охридски” во понеделник (26 март) со почеток во 19:00 часот, организираат промоција на првата стихозбирка на Никола Маџиров, преведена на бугарски јазик.

Во програмата,освен актерот Јулијан Вергов кој ги интерпретира стиховите на Маџиров и Теодосиј Спасов кој настапува во музичкиот дел на програмата,се вклучени со свои обраќања бројни познати писателски имиња од Р.Бугарија.

За Маџиров свој осврт ќе имаат,писателот Иван Цанев,кој истовремено е и редактор на книгата „Преместен камен“, поетот Роман Кисјов кој го направи преводот од македонски на бугарски јазик и ја илустрираше насловната страница на книгата. Свој осврт за книгата и делото на Маџиров ќе имаат и познатите бугарски писатели, Георги Господинов, Федја Филкова, Миглена Николчина и Силвија Чолева.

Промоцијата и програмата ќе ја отворат и водат културологот  доц. д-р Александар Ќосев и директорот на Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, Васко Шутаров.

You May Also Like