Прес-конференција за „Лица без маски“

Независната продукција „ТЕАТАР 007“ и Универзална сала – Скопје, ја најавуваат официјалната прес конференција која ќе се одржи денеска (вторник, 09 април 2013) во 11:00 часот, на „Мала сцена“ при Универзална сала, а по повод шестото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“.


На прес конференцијата, ќе биде промовирана програмата на фестивалот, но и ексклуизвното жири за оваа година.

Исто така, на прес конференцијата ќе биде промовиран и новиот дизајн на наградите.

You May Also Like