Хрватскиот „Татко“ на Балканскиот филмски караван во Битола

Во рамките на најдолгото културно лето во државава, Битолско културно лето Битфест, вечер (среда, 15 август, 2012 година) во 22:00 часот во Магаза е проекцијата на хрватскиот филм  „Татко“ во режија на Далибор Матаниќ.

„Татко“ е филм за семејните тајни, а некои семејни тајни е подобро да останат тајни.
Една девојка зборува со нејзиното момче и нејзината сестра додека патуваат во Лика, местото каде живее нејзиниот татко, кој се откажа од семејството пред повеќе години. Таа дознава дека тој е болен и ова е нејзина последна шанса да разговара со својот татко за сè што се случило во минатото. Во изолираните хоризонти на Лика, некогаш длабоко скриени темните семејни тајни, почнуваат да се откриваат…

Алтернативен простор во случај на невреме е Малата сала на Центарот за култура.

You May Also Like