По повод завршувањето на проектот за дигиталната реставрација на филмскиот опус на македонскиот режисер Столе Попов, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, утре (четврток, 30 август, 2012 година) во 11:00 часот ќе оствари работна средба со вработените на националната установа Кинотека на Македонија.
Дигиталната реставрација на филмскиот опус на нашиот реномиран режисер Столе Попов ги опфаќа долгометражните „Црвениот коњ“, „Среќна Нова 49“, „Тетовирање“ и „Џипси меџик“, како и документарните „Австралија, Австралија“, ДАЕ.
Освен опусот на Попов, во Кинотеката започнува и проектот за дигитална реставрација на богатиот филмски опус на браќата Манаки.
Во рамките на посетата, Канческа-Милевска, меѓу другото, ќе се запознае и со останатите актуелни и идни проекти на оваа институција.