Вечер (вторник, 1 јули) во 20:30 часот во Концертна сала на Заводот и музеј Битола, концерт на пијано ќе одржи Томе Костовски.
Томе Костовски е роден на 30.12.1997год.во Битола. Од својата 7ма година тој се запишува во основното музичко училиште во Битола каде го започнува своето дружење со пијаното во класата на професор мр.Марија Шамоска-Буџаковски во чија што класа го продолжува и средното образование.
По само 1 година од своето образование, поради големата музикалност која ја поседува и одличната интелектуална способност,тој зема учество на многу концерти и натпревари во државата а и надвор од неа меѓу кои ќе ги спомнеме: Меѓународен натпревар Даворин Јенко,Белград,Србија,2010-II награда, Државен натпревар на млади музичари,Скопје,2010–I награда, VI Меѓународен натпревар за пијанисти,Интерфест,Битола,2010–I награда, 49 државен натпревар,клавирско трио,Скопје 2011–Специјална награда 100 поени, 13 меѓународен натпревар,Еутерпе,Корато,Италија,2011–I награда, Меѓународен натпревар,Џоја Дел Коле,Италија,2011-III награда, Меѓународен натпревар Езерски бисери,Струга,2011-лауреат I степен, Втор меѓународен натпревар за камерна музика,Кавадарци,2011–I награда, Трет државен натпревар на млади музичари,2012-Специјална награда 100 поени, Втор меѓународен натпревар,Гевгелија, 2012-I награда, Меѓународен натпревар АрсКосова,Приштина,2012-Специјална награда 100 поени, VII Меѓународен натпревар за пијанисти,Интерфест,Битола,2012–I награда, 51 Државен натпревар,солфеж,2013-Специјална награда 100 поени
Томе Костовски има одржано солистички концерти,во 2011 и 2012 година во Битола. 2013та година, настапи како солист со Македонската филхармонија.Истата година ја заокружи со солистички концерт на фестивалот за класична музика “Интерфест”-Битола.
Оваа,2014 година се натпреваруваше на натпревар организиран од ЕПТА(европска асоцијација на музички педагози) на кој од 64 натпреварувачи од сите земји во светот,Томе го освои 4тото место во неговата категорија.
На својот концерт на БИТ ФЕСТ, Томе Костовски ќе ја понуди следната програма: L.V.Beethoven : соната оп.31 бр.2 “The Tempest” I. Largo – Allegro II. Adagio III. Allegretto, R.Schumann:“Аbegg” – варијации оп.1, S.Rachmaninoff : етида оп.33 бр.5, В.Николовски : Токата, F. Liszt : Унгарска рапсодија бр.2.
само половина час пред концертот (20:00 часот) на Плоштадот Магнолија ќе се одржи „Bitola fashion night“.