Вечер (среда, 18 јули) во големата сала на Центарот за култура „Глигор Прличев“ во Охрид, Албанскиот театар од Скопје премиерно ќе је изведе претставата „Питачка опера“.
„Питачка опера“ е од Вацлав Хавел, а поставка во Албанскиот театар е на познатиот босански режисер Дино Мустафиќ.
Делото е напишано кон крајот на минатиот век и многумина повеќе го познаваат „Питачката опера“ како култно дело на Бертолд Брехт, но оваа инсценација на Хавел и неговиот текст е своевидна политичка сатира.
Главната улога во претставата ја толкува актерот Џевдет Јашари, а вечерашната iзведба ќе биде титлувана со превод на македонски јазик.