„Планетата на мајмуните – Револуција“ од утре во Милениум

„Планетата на мајмуните – Револуција“ 3Д само по една недела прикажување во светските кино сали се зацементира на врвот на „Бокс-Офисот“, оставајќи ги далеку зад себе останатите претенденти за освојување на највисокиот финансиски параметар во филмската индустрија.

planeta_na_majmunite_revoluija

Оценет како „инстат класик“, филмот добива комплименти и исклучително позитивни реакции, како од публиката така и од луѓето кои се најкомпетентни за коментар, филмските критичари.

Актерот Andy Serkis брилјира во улогата на Шимпанзото Цезар, а останатиот дел од актерската екипа(Jason Clarke, Gary Oldman, Keri Russell, Toby Kebbell) достојно и умешно ја прати неговата изведба.
Комплименти добива и режисерот Matt Reeves, кој досега нема одработено холивудски проект од овој калибар, но фантастично го реализира ова дело, а посебни пофалби добива за искористувањето на 3Д ефектите, односно 3Д камерите во отворен простор(во НЕстудиски услови).

Филмот ќе биде на редовниот репертоар на кино Милениум од четврток(17.07), во терминот од 20.00 часот.

You May Also Like