Бит Фест: Синтезис пред Дом на АРМ

Концерт на групата „Синтезис“ вечерва (вторник, 17.07) пред Дом на АРМ во Битола, кој е закажан со почеток во 21:00 часот.

Групата во своето музицирање ги користи речиси сите македонски традиционални инструменти – кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука, тамбура, уникатната звучна слика, покрај современите клавијатурни инструменти, ја надополнуваат и трите исклучителни вокали кои пеат во духот на женското групно пеење од старата македонска традиција.

Вечерва, пред Дом на АРМ во Битола незаборавен концерт со вистински музички професионалци: Гоце Димовски, Ване Јовчев, Марјан Јовановски, Гоце Ужински, Радослав Шутевски, Анета Шулаковска, Билјана Ристовска, Мирјана Јошевска.

Во музиката на „Синтезис“ едноставно ужива целиот свет во таа егзотична, уникатна и несопирлива нео традиционална, универзална македонска музика, која досега неколкупати го обиколи светот и ги освои музичките вљубеници во Унгарија, Словенија, Австрија, Италија, Германија, Грција, Србија и Црна Гора, Португалија, Шпанија, Белгија, Полска, Франција, Шведска, САД, Јапонија, Австралија…

You May Also Like