Во Тирана одржана промоција на културата на малцинствата

По повод 21. мај Светскиот ден на културната различност, албанското Министерство за култура во соработка со Националниот историски музеј, под мотото „Покажи ја твојата култура” организираше активност посветена на различните заедници и малцинствата кои живеат и работат во Албанија …

Albania-Tirana

Министерката за култура Мирела Кумбаро се заблагодари на учесниците за посветеното внимание, нагласувајќи дека целта на активноста е истакнување и унапредување на нематеријалното културно наследство на малцинствата, што е исто така еден од приоритетите на Министерството за култура за оваа област.

– Оваа активност не се организира само формално, или има врска со конвенциите со кои албанската држава со време е интегрирана. Многу е битно да се разбереме дека да ја чуваш различоста, или културната различост на сите заедници во нашата земја, е прво и основно знак на еманципација како поединец или институција на Министерството за култура и имаме должност да ја поддржиме и промовираме вредноста и важноста што ја има, рече меѓу другото министерката Кумбаро.

Активноста продолжи со емитување на видео инсерти подготвени од страна на здруженијата на малцинствата, кои преку видео инсерти, ги изразија нивните обичаи, ритуали, традиции, различни култури, професии и уметнички вредности кои тие ги претставуваат.

Од страна на Македонската заедница во Албанија на ова активност учествуваше Македонскиот културен центар „СОНЦЕ“ од Корча, кој со видео инсерти ја престави богата духовна култура од Мала Преспа, пред се народните песни, обредите и обичаите и „женско обредно пеење“, создадено во далечното минато, кое се сочувало по пат на усно пренесување од генерација на генерација.

Во своето обраќање преставникот на Македонците во Албанија, Васил Стерјовски се заблагодари на министерката за култура за организирањето на оваа активност, која е прва организирана од страна на некоја албанска институција и која има за цел промовирање на културата на малцинствата. Тој побара од министерката Кумбаро, Министерството за култура да одреди посебен фонд за поддршка на културата на малцинствата.

You May Also Like