Премиера на „Конфузија“ во Евро Балкан

Вечерва (петок, 8 јуни 2012 госина) со почеток во 21:00 часот, премиера на театарскиот перформанс„Конфузија“ во просториите на Институтот Евро Балкан, на бул. „Партизански одреди“ бр. 63.

Театaрскиот перформанс „КонФузија“ е создаден од десетина креативци, директно и индиректно поврзани со театарската, музичката, ликовната уметност, низ интимен процес на истражување. КонФузија е сублимат, од седум кратки раскази, напишани од самите учесници, приказна која се раскажува низ патување во разни состојби, расположенија и копнежи на ликовите. КонФузија во себе крие две гледишта, она кое постои како реално и она кое секој го носи во себе, свет без единици мерки, свет на копнеење. Копнеж за промена, копнеж за љубов, копнеж за вистина, копнеж за бидување.

Играат: Кристина Леловац, Викторија Илиоска, Ангела Димитрова. Автори на драматуршка предлошка: Кристина Трајановска, Кристина Леловац, Иванка Апостолова, Ненад Тонкин, Викторија Илиоска, Јордан Шишовски, Инес Ефремова, Билјана Радиноска. Костимограф: Мелани Димитровска. Дизајн на видео и плакат: Инес Ефремова. Музика: Ненад Тонкин. Режија: Билјана Радиноска

Координатори и техничка помош: Валентина Гоцевска, Јордан Шишовски, Иванка Апостолова, Александра Велева, Кристина Трајановска, Игор Панов.

Организатори и простор на изведба:
Евро Балкан

Благодарност до: Проф. д-р Наум Пановски, Рок Вевар, Искра Шукарова и до проф. д-р Јован Донев и проф. д-р Митко Панов од Институтот Евро-Балкан, Скопје.

Премиера на 08.06. (петок)  во 21 часот.
Репризи на 09., 10. и 11.06. (сабота, недела ои понеделник) во 21 часот.

 

You May Also Like