Новата театарска претстава „Духот на слободата” во продукција Н.У.Ц.К. “Трајко Прокопиев ” – Театар Куманово во режија на Лука Кортина, својата премиера ќе ја има утре (среда, 14 ноември 2012) со почеток во 20:00 часот.
„Духот на слободата“ е интереснa естетскa режисерска постапка каде севкупноста на претставата зависи од паралелно прераскажаните минато, сегашност и иднина (содржани во драмскиот текст) коишто истовременето го градат внатрешниот и надворешниот детаљ на приказната во која секој лик постепено станува другиот заземајќи го просторот и себноста на останатите ликови.
Духот на Слободатаe насловот на недовршениот порачан текст на В. Чернодрински, “допишан“ Г. Стефановски, театарски проект од една иста приказнаво три дела (минато, сегашност, иднина) со футуристичка глобална визија за човековото ропство и слобода, за формулата и деформирањето на слободата. Дилемата на Маноил (носителот на „трагедијата” во семејството) од Минатото е да се реализира себе си како сопруг или да го победи законот над татко си и да се реализира како борец пред судот на народот во предвечерието на револуционерното Крушево/значи, да се избори сам за својата слобода или друг да чека да го стори тоа за него.
Во Сегашноста таа дилема добива нов контекст:на претставата за Америка, како утопистички концепт за иднината- за слободата, на сликата за американскиот сон и се спротивставува сликата на среднокласно, носталгичарско македонско семејствона Маноил кој никако не можеда замине од Дебар маало. За Стефановски во неговите проекции за Иднината- една декадентна, ако не и претерано индивидуална визија за светот, правото на избор не постои, дилемите се избришани, а светот функционира како шпанска серија. Слободата е угнетувачот и угнетуваниот, жртвата и злосторникот.
Во претставата еден актер толкува повеќе ликови, односно еден ист лик кој во драмскиот текст Стефановски социјално и темпорално го трансформирал од минатото, во сегашност, и иднина, е игран од различни актери кои дејствуваат во паралелното плетење на трите различни временски приказни и контекстуални врски. Ова образложува еден од начините на кој е тука е третиран и проблемот на идентитетот; дообјаснет со фактот дека името не (го ) претставува идентитет(от).