Доделени наградите на „Манаки“

Синоќа на гала-вечерта во Големата сала на Домот на културата во Битола беа доделени наградите на јубилејното, 35-то издание на Браќа Манаки во салата во која немаше едно слободно место.

milco_mancevski_zatvoranje_manaki_2014

Пред публиката се обратија градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски и Гермат Раш, главен маркетинг директор на VIP оператор, кои ја истакнаа важноста на Фестивалот за културата во Битола и во Македонија.

Веднаш потоа на македонскиот режисер Милчо Манчевски, кој постави нови стандарди во авторскиот филмски пристап и ја впиша Македонија на светската филмска мапа, од страна на Роберт Насков, претседателот на Друштвото на филмски професионалци на Република Македонија, му беше доделена Големата ѕвезда на македонскиот филм. Манчевски имаше петминутен аплауз, по што направи римејк на антологиската сцена од Пред дождот со прстот на уста и рече едно кусо „Благодарам.“ Интересно е што Maнчевски во раката носеше стар примерок од англиското издание на вестерн романот Команчи Месечина од Лари Мекмертри.

Потоа претставниците на жирито во главната конкуренција кое заседаваше во состав Гиора Бејач, Срѓан Драгоевиќ, Ребека Толи, Симон Таншек, Лазар Секуловски од 11 долгометражни филма во официјалната програма од 10 различни земји и од 25 краткометражни филма на млади надежни автори ги одбра

Златна камера 300 отиде кај Племето на Валентин Васјанович.

Објаснување од страна на жирито „Филмот е совршен пример за суптилно надополнување на сценариото, режијата, монтажата и глумата и е навистина еден свеж кинематографски пристап, кој доведе до убедлива и едногласна одлука на жирито да му ја додели заслужената награда Златна камера.“

Авторот преку видео-јавување се обрати на публиката велејќи: „ Драги колеги, жал ми е што не можам да сум со вас денес. Голема чест ми е што примам награда од Вашиот прекрасен фестивал. Интересно е што на почетокот јас бев само продуцент на наградениот филм, а не директор на фотографија. Во текот на многуте проби со режисерот и актерите почнавме да снимаме со непрофесионална камера и тоа му даде автентичен стил на филмот. Така го презедов местото директор на фотографија – како да е работно место во некоја локална семејна пицерија. Не можам да ви опишам колку сум среќен што добивам награда. Би сакал милион пати да се заблагодарам на фестивалот, жирито и јавноста. Денес сум најсреќниот човек на светот.“

Сребрена камера 300 за полско-данскиот Ида на Ричард Ленчевски и Лукаш Зал.

Објаснување од страна на жирито „ Прекрасните композиции и десатурираното око на камерата во овој филм нудат возвишена пратстава за ликовите, времето и местото, давајќи и на публиката неверојатно воздржан и чувствителен портрет на една млада жена која се обидува да го разоткрие сопствениот идентитет.

Бронзената камера 300 отиде за британскиот ’71 на Ентони Тат Редклиф.

„Мајсторскиот еклектичен кинематографски пристап во овој филм создава автентична атмосфера на мноштво спротивставени тензии во конфликтниот период во Северна Ирска во раните 1970-ти.“, изјави жирито.

Редклиф утрината ја напушти Битола но пред да си замине даде изјава пред фестивалската камера со наградата во своите раце. „ Жал ми е што не сум присутен да ја примам наградата Бронзена камера 300 поради семејни обврски, бидејќи присуствувам на свадбата на мојата сестра во сабота и тоа е нешто што едноставно не можев да го пропуштам. Многу сум почестен што ми ја доделувате оваа награда. Навистина е привилегија да се добие оваа награда на ваков реномиран фестивал. Ви благодарам многу, поминав една незаборавна недела, сретнав прекрасни, многу инспиративни луѓе и заминувам од овде со убави спомени од мојот прв, но се надевам не последен престој на Браќа Манаки. Ви благодарам многу.“zatvoranje_manaki_2014

Мала златна камера 300 за Краткиот филм со наслов Динола на грузискиот кинематографер Константин-Миндија Есаџе.

„Овој дел од конкуренцијата предизвика многу дебати меѓу членовите на жирото, бидејќи кратките филмови имаат тешка задача да го побудат креативниот пламен кај младите филмаџии. По жестоката дебата, едногласниот и конечен заклучок на жирито беше дека Малата златна камера 300 за најдобар краток филм ќе ја добие кинематограферот на филмот „Динола“.

Веднаш потоа беше премиерно прикажан филмот Деца на сонцето, по што се поклони целосната екипа на филмот, и воедно е спуштена завесата на можеби најкомплетното, јубилејно издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.

 

You May Also Like