Премиера на „Робокап“ во Синеплекс, една недела пред САД

Од четврток (6 февруари, 2014) во киното Синеплекс пристигнува акциониот супер-хит „Робокап“. Македонската премиера е една недела пред онаа закажана во  САД.

Robocop 1

Станува збор за римејк на истоимениот хит од 80-те години на минатиот век во кој главните улоги ги толкуваат Џоел Кинаман, Аби Корниш, Мајкл Китон, Гери Олдман и Самјуел Л. Џексон. Филмот го режираше Хозе Падила, најпознат по режисерското ремек-дело „Елитен одред“ за кој беше награден во 2008 година, на филмскиот фестивал во Берлин.

You May Also Like