Соработка помеѓу ЦККС и Словачката академија на науки

Склучен е договор за соработка помеѓу Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) и Словачката академија на науки …

Macedonia-SlovakiaЦентарот за култура и културолошки студии (ЦККС) и Словачката академија на науките потпишаа договор за соработка на меѓинародната конференција „Медиуми: теорија и пракса“ која се одржува од 4 до 6 септември во Скопје.

Договорот за соработка предвидува учество во заеднички истражувачки и научни проекти од областа на културолошките студии, театрологијата, теоријата на литература, и други сродни дисциплини. Исто така, предвидува размена на истражувачи меѓу двете институции, соработка во областа на издаваштвото, како и заеднички настапи при соработка со други европски институции.

– Посебно ни е мило дека ЦККС како релативно нова институција во која е вткаена волонтерската работа на професори од неколку македонски државни универзитети соработува со реномирана институција како што е Словачката академија на науки, истакна на претседателката на ЦККС, Лорета Георгиевска-Јаковлева на средбата по повод потпишувањето на Договорот за соработка меѓу двете институции на која присуствуваше потпретседателката на Словачката академија на науките, Дагмар Подмакова и амбасадорот на Словачка во Република Македонија, Мартин Безак.

Амбасадорот Безак изрази задоволство од потпишувањето на договорот за соработка меѓу двете институции и истакна дека врските меѓу словачкиот и македонскиот народ потекнуваат уште од IX век, од Моравската мисија на свети Кирил и Методиј која денеска продолжува на заемно задоволство на двата народа.

You May Also Like