Фестивал на чајот и читањето во Феникс

Со врачување на признанието „Гоцева мисла“ на Олга Панкина, денеска (4 февруари, вторник) во 11:00 часот во Културниот центар “Феникс“ започнува традиционална свеченост со која се одбележува роденденот на Гоце Делчев. Истовремено започнува и „Фестивалот на чајот и читањето“. Организатори на свеченоста се Феникс и фондацијата „Македонија презент“.

caj

Притоа, свечено ќе биде врачена наградата “Гоцевата мисла“ на Олга Панкина – за нејизиниот севкупен придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, посебно за големиот број преводи и објавени дела од македонски автори на руски јазик. Свеченоста ќе биде збогатена и со отворање на самостојната тематска изложба “Концепт/концерт за гласно молчење и нечујно свирење“ на тема музика и музичари од доц. д-р Христо Петрески, која ќе ја отвори проф. д-р Иванка Апостолова.

Со врачувањето на наградата и ликовната изложба, всушност, ќе започне “Фестивалот на чајот и читањето“, кој во Културниот центар “Феникс“ ќе се одржува од 4 февруари до 8 март, со голем саемски попуст на книги, промоции, изложби, започнување на курсот за креативно пишување, манифестацијата “Денови на прозата“, врачување награди и признанија и слично.

You May Also Like