Отворен МОТ 2014

Вчеравечер (19 септември 2014 година, петок), во кино салата Фросина во Младинскиот културен центар – Скопје, официјално беше отворен 39-от Интернационален театарски фестивал „Млад отворен театар 2014“. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

otvoranje_na_mot_2014_3

 

– Би сакал да ви посакам добредојде на ова 39-то издание на Младиот отворен театар, фестивал, којшто секоја година поставува нови театарски граници, фестивал којшто во своето четири децениско постоење израсна во своевиден бренд на овој град. Сакам да им честитам на сите кои се вклучени во реализацијата на овој значаен скопски културен настан. Би сакал да ги поканам граѓаните да присуствуваат на бројните театарски претстави и перформанси и да уживаат во 8-те фестивалски вечери коишто и годинава се во организација на МКЦ-Скопје, истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на МКЦ, Златко Стевковски, изрази големо задоволство што годинава фестивалот се отвора токму со претставата „Ла Мама, Њујорк/La MaMa, New York“ од Соединетите американски држави (USA), во решија на Елизабет Свадос, којашто е и композитор на претставата, зашто како што рече тој, ова била долгогодишна желба на организаторите, желба што конечно вечерва се исполнува.

Заменик министерот за култура на Република Македонија, Драган Недељковиќ годинешниот МОТ и официјално го прогласи за отворен.

– Би сакал да им упатам честитки на сите оние кои секоја година вградуваат еден дел од себе во овој фестивал, како и до сите оние коишто 39 години се дел од верната публика на МОТ, а сигурен сум дека и ова издание на сите нас ќе ни понуди многу творечки катарзи, рече Недељковиќ.

Програмата за овогодишниот МОТ е затворена со буџет од 6 милиони денари, 4, 5 милиони од Министерството за култура, а 1,5 милион од Град Скопје.

otvoranje_na_mot_2014_4

You May Also Like