Македонските пливачи со освоени медали во Србија

Пливачите на Пливачкиот клуб БЕТА под водство на тренерот/маратонецот Игор Димовски учествуваа на мегународниот пливачки митинг во Поточач Србија каде во конкуренција од над 350 натпреварувачи од регионот имаа одличнен деби настап на натпревар надвор од Македонија и освоија 10 медали.

Игор Димовски за успехот изјави: „Задоволен сум од настапот на сите пливачи кој учествуваа на овој одличен меѓународен натпревар и пред се од нивните најдобро испливани времиња во своите дисциплини“.
•    Матеј Цветановски-3медали,
•    Георги Мартиновски-1,
•    Виктор Аспровски-1,
•    Стефан Тосев-1,
•    Андреј Стојановски-1,
•    Александар Смилановски-1,
•    Филип Салтировски-1,

Останати учесници :Бојан Попов, Борис Богдански, Матеј Стојанов, Војо Илиевски, Дамјан Јорданов, Лазар Змејковски, Андреј Димитриевски, Стефан Георгиевски, Стефан Костенцевски, Драган Стојановски, Иво-Јован Димовски, Матеја Стојановски, Калина Стојановска, Бојана Стојановска.

Во силна конкуренција на 50м грбен стил Игор Димовски тренерот на ПК БЕТА во одлична форма го освои златниот медал , како подготовка за светското мастерс првенство во Холандија оваа година.

You May Also Like