Тајзи гостин на концертот на С.А.Р.С во Скопје

Популарниот македонски артист Драган Величковски – Тајзи ќе настапи како гостин на концертот на српскиот алтернативен бенд С.А.Р.С., претставувајќи ги своите хитови од албумот „Нешто поинакво“ кој ја одбележа 2013 закитувајќи се и со признание за „Албум на годината“.

tajzi

Концертот кој претставува официјална промоција на новиот албум на еден од најбараните авторски бендови во регионот С.А.Р.С., насловен „Иконе поп културе“, ќе се одржи на 10. април во „Експо Центар“ во Скопје. Покрај ветувањето на С.А.Р.С. дека на оваа промотивна турнеја доаѓаат приредувајќи неповторливо доживување за своите фанови, во чиј прилог се и рекордно распродадените последни концерти низ регионот, дополнителна потврда дека вечерта во Скопје ќе биде незаборавна забава е и гостувањето на еден од најактуелните млади артисти на домашната сцена, ТАЈЗИ.

ТАЈЗИ ја започна минатата година објавувајќи го својот соло сингл насловен „Љубов“, песна која за 4 месеци достигна милионска слушаност, беше хит речиси на секоја радио станица и изгласана за хит на годината на повеќе интернет портали и радија. Наскоро следеше и објавувањето на соло албумот, првенец на Тајзи, насловен „Нешто поинакво“, кој направи вистински бум во Македонија кога е во прашање домашната сцена. Релевантен показател за тоа се 4.000 000 прегледи на официјалниот „Јутјуб“ канал на Тајзи, како и признанието за „Албум на годината“ од страна на читателите на дневниот печат „Нова Македонија“. Видео записите за песните „Регетон“, „Пишано е“, „Чувај ни га Боже“, направија Тајзи да биде еден од најактуелните и најангажираните млади артисти на македонската, но и регионалната сцена.

Инаку, Тајзи својата кариера ја започна во 2006 година со кумановската рап група „120ка“ и со неколку соло изданија. Во 2010 година, како дел од дуото „Тајзи и Скипи“ го објави првиот албум насловен „Балкан“ кој само на денот на промоцијата се продаде во 2.000 копии. Во 2011 година дуото го објави синглот „Моментот“ со видео запис кој важи за еден од најгледаните видео спотови во Македонија, со над 2.500.000 прегледувања на „Јутјуб“ каналот. Потоа следуваа хитовите како „Екскјуз ми“ со 1.200.000 прегледувања, „Грев“ со над 1.000.000 прегледи и уште неколку песни со над 500.000 прегледувања. Во 2012 годината дуото беше наградено на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ во две категории, „Откритие на годината“ и „Видео спот на годината“.

Концертот на српскиот алтернативен бенд С.А.Р.С. и македонскиот актуелен артист ТАЈЗИ ќе се одржи на 10. април во „Експо Центар“ во Скопје.

SARS

You May Also Like