Петар Горко е актер на годината според „Дневник“

Редакцијата на весникот „Дневник“ за Aктер на годината го избра Петар Горко за улогата на Хенри Шести во истоимената претстава на Народниот театар – Битола.

Во образложението за наградата стои:
…„Хенри Шести“ се врати во Лондон на гол¬ма врата. Од Македонија, од Битолскиот театар, нашиот Петар Горко им го врати дома, во својата татковина. Извонредниот Горко ја освои публиката на прва. Одекна македонскиот јазик во театарот „Глоуб“. Претставата ги освои срцата и на критиката. Беше именувана како „инспиративна“, „бистра“, „стилска“ и „жизнерадосно инвентивна“. Нашиот Горко предизвика универзално воодушевување и одобрување. Сцените на Хенри кон крајот на првиот чин беа изведени мудро и елоквентно донесени. Со тоа се сложи и престижниот „Гардијан“. Во својата анализа на настапот на битолчани рецензентот вели тоа е „храбра продукција, со убави режисерски решенија и со добра глума на сите актери, каде што со стихот се владее суверено и  прецизно, со до милилитар пресметана доза на хумор и иронија во мрачниот текст.“

Свеченото врачување на наградата е на 20 март 2013 година во 20 часот во Македонскиот народен театар. На наградениот ќе му биде врачена статуетка и вредносен чек од 60.000 денари.

Во чест на наградениот ќе биде изведена претставата „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов. По претставата за гостите е подготвен пригоден коктел.

You May Also Like