„Црвено“ беше името на концертот што Македонската филхармонија синоќа (четврток, 28 октомври, 2012) го одржа во Домот на АРМ.
Оркестарот првпат во Македонија го изведе Kонцертот за виола и оркестар на Емил Табаков, кој самиот го водеше оркестарот. Солистички настапи еден од најистакнатите руски виолисти на денешницата Александар Земцов, кој бил солист и при светската праизведба на овој концерт во Софија во март годинава.
На концертот беше изведена и Симфонијата бр. 2 од Александар Скрјабин, напишана во „црвениот“ тоналитет Ц-мол.