Пет македонски уметници со „Паралелен универзум“ гостуваат во Сараево

Пет македонски уметници се претставени со свои дела на изложбата насловена „Паралелен универзум“, која е во тек и ќе биде поставена до 15 март во галеријата „Дуплекс x 100m2“ во Сараево.

paralelen_univerzum_izlozba_saraevo

 

Со свои инсталации и видеа учествуваат Ангел Миов, Филип Јовановски, Маја Кировска и двајца уметници од колективот ОПА – Слободанка Стевчевска и Денис Сарагиновски.

Кураторот Џон Блеквуд вели дека повторувањето на повеќе добро познати проблеми со кои уметниците од двата града се соочуваат е само мал дел од паралелите кои ги отвора оваа изложба.

You May Also Like