Наредните денови ќе можете да ги проследните следните манифестации во рамките на манифестацијата „Гевгелија – Град на културата 2011“, последни за оваа календарска година:
28 Декември:
На 28 декември со новогодишна програма во Народниот театар ќе се претстават учениците во СОУ”Јосиф Јосифовски”.
На 29 декември 2011 година во Народниот театар ќе се одржи новогодишен концерт “Рецитал на дуо пијано Гелебешеви”, со почеток во 20:00 часот.
На 28 декември во Гевгелија ќе гостува и квартетот на Васил Хаџиманов, кој ќе настапи во хотел “Аполониа”, со почеток во 20:00 часот.
Исто така продолжува и DUTY FREE JAZZ CONTINUED со познатите изведувачи:
МАРИЕ ПЕТРОВ- КВАРТЕТ
ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ – V.H. TRIO
ОЛИВЕР ЈОСИФОВСКИ – ЉУБОЈНА
АЛЕКСАНДАР ПЕТРОВ – BACE QUARTET
Организатор на манифестациите е општина Гевгелија, а коорганизатор е Дом на културата од Гевгелија.